Опаѓање на косата е проблем што ги мачи и мажите и жените. Губењето на косата е исклучително стресно искуство, кое често доведува до пад на самодовербата. Луѓето се повлекуваат од социјалниот живот, се чувствуваат непривлечни и често паѓаат во депресија. Опаѓањето на косата може негативно да влијае на сите сегменти од животот. И затоа треба да се сфати многу сериозно.

Речиси и да нема човек кој не се соочил со некаква форма на зголемено опаѓање на косата во еден период од својот живот.

Што вели статистиката за проблемот со опаѓање на косата?

Во просек, имаме околу 100 000 влакна на главата. Косата на главата постојано опаѓа и расте нова, тоа е природен циклус. Ние губиме помеѓу 50 и 100 влакна на ден, што обично не ги забележуваме. Ако овој циклус се наруши и дојде до зголемено губење на косата, а новата коса расте бавно или воопшто не расте, тогаш веќе имаме причина да се грижиме.

Кога забележувате дека косата повеќе ви опаѓа, најголемата грешка што можете да ја направите е да ја игнорирате. Или да ја прикриете со перики, марами, капи… Опаѓањето на косата обично укажува на голем здравствен проблем. Затоа треба да посветите што повеќе внимание на пронаоѓање на причините и да ѓи санирате последиците од алопецијата.

Зошто доаѓа до опаѓање на косата?

Причините зошто косата опаѓа, се разновидни и индивидуални. Една од најчестите причини за губење на косата е наследниот фактор. Кој медицински се нарекува андрогена или андрогенетска алопеција кај мажи и жени. Ако го носите во гените, половите хормони можат да предизвикаат губење на косата уште во пубертетот. Се јавува постепено во форма на изразени залистоци или губење на косата на темето кај мажите. Додека кај жените се јавува истенчување и слабеење на косата.

Хормоналните промени и одредени болести, исто така, можат да предизвикаат привремено или трајно опаѓање на косата. Бременост, породување, менопауза, дисбаланс на тироидната жлезда, анорексија, дијабетес, полицистични јајници – сите овие состојби влијаат на промена на квалитетот на косата.

Опаѓање на косата во кругови (печати) или алопеција ареата е автоимуна болест кај која се јавува комплетно опаѓање на косата на одредени места. Често се појавува целосна ќелавост, а косата може да се обнови во период до една година.

Лековите и терапиите за некои болести можат да предизвикаат опаѓање на косата, а најчестиот пример е комплетно опаѓање на косата поради хемотерапија.

Стресот и силниот емоционален шок, исто така, можат да предизвикаат алопеција, но за среќа само од привремен карактер без трајни последици по косата.

Фризури кои вашата коса не ги сака

Веројатно сте слушнале дека прекумерното затегнување на косата во коњска опашка, плетенка или пунџа може да предизвика слабеење и губење на косата. Вистина е дека влажната коса е многу поосетлива од сувата коса, затоа избегнувајте агресивно чешлање и врзување на косата веднаш по миењето. Исто така, одредени хемиски третмани, препарати и пегли, како и фигаро за стилизирање на фризури можат да создадат ткиво на лузна на главата, и да предизвикаат трајно губење на косата.

Дали спаѓате во групата на луѓе кои постојано ја влечат, тегнат или ја скубат косата? Нашиот пријателски и професионален совет е да престанете веднаш или да побарате психолошка помош ако не можете да се откажете од оваа штетна навика. Постојаното влечење и скубење на косата се нарекува Трихотиломанија и е една од најчестите причини за опаѓање на косата.

Кога да се обратите за помош кај трихолог

Ако забележавте зголемено опаѓање на косата, не чекајте самостојно да престане. Затоа што, за жал, тоа не се случува. Потребно е што поскоро да ѓи побарате причините за опаѓање на косата. Како и решение за запирање на понатамошното опаѓање на косата, со цел да се зголемат шансите опаднатите влакна да бидат регенерирани. И добра вест е дека постои решение за повеќето проблеми со косата.

Стручните лица  кои се занимаваат со проблеми со косата се викаат трихолози. А првиот чекор кон третирање на алопецијата е трихолошка анализа.

Ние, во 101 Hair, имаме индивидуален пристап кон секој клиент, наоѓајќи третмани и препарати кои најефикасно ќе го решат вашиот проблем со губење на косата.

Најсовремените апарати, научно докажаната и ефикасна методологија, стручен тим кој постојано се усовршува и ги следи светските иновации во областа на трихологијата ви гарантира највисок квалитет на третман за коса во регионот. Сите производи што ќе Ви ги препорачаме се 100% природни, тестирани и одобрени без штетни ефекти и несакани последици.